Од млад револвераш и шармантен заводник до стар криминалец

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од млад револвераш и шармантен заводник до харизматичен постар криминалец – ликовите на Роберт Редфорд одбележаа неколку генерации и оставија длабок белег во историјата на кинематографијата. Погледнете го трансформативното видео направено од ВИ, кое дава преглед на најважните улоги на Редфорд

Роберт Редфорд, актер, режисер и продуцент, остави неизбришлив белег во светскaта кимематографија, а неговата смрт ги растажи љубителите на филмската уметност.

Неговите улоги одбележаа неколку децении на Холивуд, а во едно интересно трансформативно видео направено со помош на вештачка интелигенција е направен преглед на улогите што го направија легенда.

Од млад револвераш и шармантен заводник до осамен поморец и харизматичен постар криминалец – ликовите на Редфорд одбележаа неколку генерации и оставија длабок белег во историјата на кинематографијата.

Редфорд го отелотвори Санденс Кид, вешт и харизматичен револвераш, партнер на познатиот Буч Касиди (Пол Њуман), а филмот стана класика на вестерните и го лансираше на самиот врв на Холивуд. Во филмот „The Sting“, како Џони Хукер, млад и итар измамник, Редфорд се здружува со искусен измамник (повторно Пол Њуман) за да извршат спектакуларен грабеж од одмазда. Оваа улога му донесе номинација за Оскар, а филмот го освои Оскарот за најдобар филм.

Како Хабел Гардинер, талентиран и привлечен писател, Редфорд глумеше покрај Барбара Стрејсенд во една од најпознатите романтични драми од 70-тите години – „The way we were“.

Редфорд го играше Боб Вудворд, новинар на „Вашингтон пост“, кој заедно со својот колега Карл Бернштајн (Дастин Хофман) ја разоткри аферата Вотергејт. Филмот „Сите луѓе на претседателот“ (1976) стана модел за политички трилери и ја демонстрираше моќта на истражувачкото новинарство.

„Надвор од Африка“ (1985) е романтична драма во која Редфорд го играше Денис Финч Хатон, британски ловец и истражувач, партнер на данската писателка Карен Бликсен (Мерил Стрип). Нивната приказна за љубов и слобода му донесе на филмот Оскар за најдобар филм.

И да не набројуваме понатаму, погледнете го фантастичното видео кое на свој начин ја раскажува трансформацијата на Редфорд од лик во лик, од филм во филм.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article