Во петок во Кинотека на Македонија ќе се одржи комеморација во чест на Илинденка Петрушева, филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“, една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија.
„Илинденка Петрушева (4. Август, 1944 – 5. Септември, 2025), остави длабока трага во националната кинематографија со својата повеќедецениска посветена работа во истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас. Таа беше дел од самите почетоци на Кинотеката и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив, конкретната кинотечна и архивска практика, филмската кинотечна програма, како и културната дејност од областа на филмот и визуелните уметности – темели и основи на кои што институцијата е создадена, востановена – и кои што Кинотеката ги развива и денес“, велат од Кинотека на Македонија.
Комеморацијата, како што додаваат оттаму, ќе биде можност нејзините колеги, пријатели и почитувачи и културната јавност да се потсетат и да го чествуваат нејзиното големо дело и неповторлив придонес кон македонската култура и филм.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
