САД се официјално најголемиот државен сопственик на Биткоин во светот, со вкупно 198.022 BTC во нивна сопственост, чија вредност на 31 јули 2025 година е приближно 23,5 милијарди долари. Ел Салвадор, пак, е првата земја во светот што го воведе Биткоинот како законско средство за плаќање, но моменталниот износ во нивните резерви е далеку помал од оној што го имаат големите сили.
Ова е резултат на неколкугодишни заплени на криптовалути во процесот на борба против сајбер криминалот, перењето пари и другите форми на финансиски криминал.
Во март 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека сите запленети количини ќе бидат искористени за формирање стратешки државни резерви на Биткоин, со цел зајакнување на позицијата на САД во дигиталната економија.
На листата на најголеми државни сопственици на Биткоин, веднаш зад САД е Кина со 190.000 BTC, додека Велика Британија е трета со 61.245 BTC.
На списокот се и :
- Украина – 46.351 BTC
- Северна Кореја – 13.562 BTC
- Бутан – 11.286 BTC
- Ел Салвадор – 6.257 BTC и
- Венецуела – 240 BTC