Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди израелскиот премиер за нападот врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар минатата недела, велејќи дека „идеолошки, Нетанјаху е како роднина на Хитлер“.
Ердоган претходно го спореди Нетанјаху со Хитлер и ја нарече израелската влада „мрежа на убијци“, пренесува Н1.
Лидерот на Турција изрази надеж дека „фронтот на човештвото“ за Палестина ќе добие поширока поддршка на Генералното собрание на Обединетите нации. Во разговор со новинарите по враќањето од вонредниот арапско-исламски самит во Катар, Ердоган вети дека повторно ќе го постави прашањето за палестинската државност на Генералното собрание.
Неделата на високи функционери при ГС на ОН е закажан да започне на 22 септември. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција на настанот ќе ја признае Палестинската држава. Меѓу европските држави кои ја поддржаа иницијативата на Макрон е Белгија.
Во меѓувреме, Израел ја започна долгоочекуваната копнена офанзива во густо населените улици на градот Газа, а официјален претставник на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека војниците ја започнале она што тој го нарече „главна фаза“ од офанзивата.
Исто така денес, Комисијата за истрага на Обединетите нации објави дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
