Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.
Во делот на трошоците (инпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување кај тековно потрошени средства во земјоделството од 2,3 % и зголемување од 5,7% кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.
Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни услуги каде што е забележан раст од 37,1% и добиточната храна со раст од 9,9%. Во однос на инвестирањето највисоки се трошоците за машини и опрема кои пораснале за 7,8%.
Во делот на пласманот на земјоделските производи (аутпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 14,2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 6,5 %.
Tagged as:
Земјоделците најмногу трошеле за машини и опрема
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
