Мобилен в рака и едно последно проштално писмо – толку оставил зад себе 14-годишниот Паоло Мендико, момче кое било мета на врснички ѕверства поради сомнежи за неговата сексуалност

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мобилен в рака и едно последно проштално писмо – толку оставил зад себе 14-годишниот Паоло Мендико, момче кое било мета на врснички ѕверства поради сомнежи за неговата сексуалност, јави „Ла Република“.

„Во училиште, чувајте ми место во првиот ред“, напишал тинејџерот во групна порака на мобилен до соучениците, неколку минути пред да се обеси во својата соба во градот Латина, на стотина километри од Рим.

Во сведоштвата на неговото семејство се крие една потресна вистина. Паоло бил нарекуван „девојче“ и „Паола“, бил жртва на хомофобични извици и навреди. Иако го сменил основното училиште, кошмарот продолжил и кога се запишал во средно.

„Смртта на мојот брат сведочи за неуспехот на нашето општество“, напиша неговиот брат Иван Мендико во отворено писмо до папата Лав XIV, премиерката Џорџа Мелони и министерот за образование Џузепе Валдитара.

Мајката на Паоло, скршена од болка, изјави:

– На погребот дојде само еден соученик, а наставниците кои претходно ги известивме, ги охрабруваа навредите и се правеа дека не гледаат.

Наставниците ги негираат обвинувањата, но италијанскиот министер за образование нареди итна истрага. Обвинителството во Касино отвори постапка за поттикнување самоубиство.

„Проблемот со малтретирањето за жал се зголемува низ цела Европа, поради употребата на социјалните медиуми. Тоа е огромен проблем“, соопшти Министерството за образование.

Истовремено, студија покажала дека 19% од децата на возраст меѓу 11 и 13 години во Италија се жртви на насилство, често мотивирано од хомофобија. Последиците се тешки: депресија, изолација, па дури и самоубиство.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article