Background

Институтот за јавно здравје испитуваше мостри од вода, воздух и од почва

Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево. Резултатите за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден, информираат од Институтот за јавно здравје.

ИЈЗ, нагласуваат оттаму, е во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и со другите надлежни институции од државата.

– Во текот на вчерашниот ден испративме обучен експертски тим од Институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје. Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа. Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување. Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден – појаснуваат од ИЈЗ.

- Advertisement -
Ad image

Според резултатите, во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго потекло.

По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, Од ИЈЗ најавуваат дека резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Завчера во Трубарево избувна голем пожар во објект во кој се чувал електронски отпад.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation