Пожарот во Трубарево, на депонијата за електронски отпад, што избувна во саботата е целосно изгаснат, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Локацијата што гореше е целосно затрупана со песок и со земја.
– Се појави чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување. На локацијата се останати дежурни пожарникари, кои ќе дејствуваат со пена доколку има потреба – рече Ангелов.
Состобата во депонијата Дрисла е драстично подобрена, додаде тој.
– Останува да биде дозатрупан делот што чадеше овие денови, тоа ќе биде завршено до попладне Со тоа двата пожари се затворени. Упатувам голема благодарност до храбрите скопски пожарникари и до сите што учествуваат во борбата за совладување на овие два многу тешки пожари за гаснење – рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.