Го славеле убиството на Кирк, па добија откази

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе десетици вработени во различни сектори во САД – од доктори и универзитетски професори, до пилоти и вработени во најголемите авиокомпании – се соочуваат со откази или дисциплински постапки поради објави на социјалните мрежи со кои го исмејувале или славеле убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, јавуваат „NBC“ и „CNN“.

Администрацијата на Доналд Трамп веднаш побара санкции за сите кои се „фатени како слават атентат“. Министерот за одбрана Пит Хегсет им нареди на службите да ги идентификуваат и дисциплинираат припадниците на војската кои реагирале несоодветно. Истовремено, министерот за транспорт Шон Дафи порача дека компаниите кои се грижат за безбедноста на патниците мора да имаат нулта толеранција за такво однесување.

Авиокомпаниите Делта Ерлајнс, Американ Ерлајнс и Јунајтед Ерлајнс веќе суспендираа дел од своите вработени. Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, во интерно писмо рече дека објавите „далеку ги надминуваат границите на здрава и пристојна дискусија“ и дека се спротивни на вредностите на компанијата.

Паралелно со корпоративните мерки, конзервативните активисти започнаа онлајн кампања за „разоткривање“ на сите кои наводно го оправдувале убиството. Сајтот „Да ги откриеме убијците на Чарли“ веќе примил над 30.000 пријави за лица и нивните објави, најавувајќи дека наскоро ќе се создаде пребарлива база на податоци според локација и индустрија.

Десничарската активистка Лора Лумер отворено повика на „апсење на левичарите“ и на гонење на универзитетите кои, според неа, станале прибежиште на радикални идеи.

– Мора да ги запреме овие луди левичари. Левата страна е закана за националната безбедност – порача Лумер.

Случајот со Кирк ја разгори американската јавност и го отвори прашањето до каде може да оди границата меѓу слободата на говор и одговорноста за објави на социјалните мрежи во време на политички турбуленции.

Share This Article