Овие денови на социјалните мрежи, но сè почесто и во медиумите, доминираат содржини од краток формат, кои во неколку кадри се обидуваат да го „уловат“ вниманието на современите луѓе.
Кратките видеа, како што се објавите на Тик-Ток, Инстаграм стори, Рилс и Јутјуб Шортс, се направени така што можат да се скролуваат бесконечно, без корисникот често да биде свесен што и колку долго гледа.
Во 2024 година, терминот „brain rot“ беше прогласен за збор на годината од Oxford University Press, а овој термин, популарен меѓу генерацијата Z, се користи за да се опише менталната магла и когнитивниот пад поврзани со бесконечното скролување.
Експертите сега предупредуваат дека оваа навика, која честопати лесно ја опишуваме како „само убивање време“, всушност го менува начинот на кој работи нашиот мозок – ја ослабува концентрацијата, ја влошува меморијата, па дури и влијае на донесувањето одлуки.
Ново истражување објавено во списанието NeuroImage, исто така, покажува дека потенцијално може да биде исто толку штетно како умерената консумација на алкохол.
Преоптоварување со допамин
Неврофизиологот Драган Хрнчиќ за Euronews Serbia изјавил дека постојат многу докази за штетните ефекти од гледањето кратки видео содржини, а повеќето од штетните ефекти доаѓаат од фактот дека ваквите видеа се тригер за одреден степен на задоволство.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.