Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница дека има прекин на услугата.
„Моментално има прекин на услугата. Нашиот тим истражува“, се вели во соопштението на интернет провајдерот „Старлинк“.
Во соопштението нема дополнителни детали.
Веб-страницата за следење на интернет услугите „Даундектор“ соопшти дека повеќе од 43.000 корисници во Соединетите Американски Држави се погодени.
„Старлинк“ на американската компанија „Спејс Икс“ обезбедува интернет услуги преку сателити во ниската Земјина орбита и се користи првенствено во оддалечени области и конфликтни зони низ целиот свет.