Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризбa од Трубарево

Saso
By Saso
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во повеќе скопски населби и утрово се чувствува силна миризба предизвикана од големиот пожар во објектот за рециклирање батерии и елекстронски отпад во Трубарево. Интензивна непријатна миризба се чувствуваше и во текот на ноќта. Дополнително и горењето во депонијата Дрисла предизвикува проблеми со воздухот веќе подолго време.

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад во кој вчера избувна пожар поседува валидна дозвола за управување со отпад, издадена од ова Министерство.

– Надлежните служби веднаш интервенираа и работат на целосно локализирање и гасење на пожарот. За да се обезбедат точни и транспарентни информации во врска со евентуалното влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните, Министерството ангажираше акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во погодената зона, наведе МЖСПП во соопштение.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити повикува да се почитуваат мерките и препораките.

– Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка. До тогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност. Компанијата поседува важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година. Во тесна соработка сме со сите институции за што побрзо и поефикасно надминување на оваа несреќа’, вели Меџити.

Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во Трубарево, изјави министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР.

– Досега немаме информации дека загаденоста е на ниво за да не може да се излезе надвор. Од акредитирана институција е земен материјал и до понеделник ќе имаме официјални резултати и најверојатно на прес-конференција ќе известиме за структурата на воздухот во овој момент, рече Алиу.

Министерот посочи на препораките соопштени од МЗ за заштита кои се однесуваат на лица над 65 години, деца и бремени жени.

Share This Article