Институтот за јавно здравје со алармантни мерки за заштита

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за здравство попладнево соопшти дека внимателно ја следи состојбата со пожарот што избувна во објектите на фирмата „Ф-Групација“ во скопското село Трубарево, која се занимава со електронски отпад. Од институцијата велат дека нивните служби се подготвени за постапување согласно надлежностите.

„Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација сме со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување, во зависност од натамошниот тек на настаните“, се наведува во соопштението.

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува:

– Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот;

– Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите;

– Редовно да ги следи официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот

– Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат каква било активност на отворено.

– При неопходна нужност за движење на отворено , во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски

– Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;

- Advertisement -
Ad image

– Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш;

– Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н погодени подрачја сѐ додека не се добие официјална дозвола за пристап;

– Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евентуална евакуација ако истата е препорачана од компетентна надлежна институција.

- Advertisement -
Ad image

Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата.

Share This Article