Политичката сцена во Охрид полека се организира за претстојните локални избори, со постепено објавување на советничките листи од главните коалиции.
Сегашниот претседател на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, официјално ќе ја предводи советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Божиноски го потврди ова преку својот Фејсбук профил.
На другата страна, Јане Тодороски ќе биде на чело на листата на коалицијата предводена од СДСМ.
За разлика од претходните избори, турската партија овој пат одлучи да има сопствена листа за Советот на Општина Охрид. Исто така, ДУИ ќе настапи со своја листа.
ВЛЕН, според достапните информации, се очекува да ја подржи листата на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
На листата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде и Арбен Демироски – Бено, како и претставник од Социјалистичката партија. Партијата на Египјаните на Демир Далип излезе со официјално соопштение дека ќе даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
Коалицијата предводена од СДСМ ќе има на четврто место на својата листа Ванчо Костоски од ВМРО Народна партија, како и претставник од НСДСП.
Овие избори ќе се одликуваат и со присуство на независна листа, предводена од граѓанин од албанска националност, кој претходно бил вработен во МВР.
Се очекува и другите политички партии во наредниот период да ги објават своите комплетни листи, со што политичката слика за локалните избори во Охрид ќе стане појасна.
Избирачите во Охрид ќе имаат можност да избираат меѓу неколку опции, што покажува динамичност на локалната политичка сцена и различни приоди кон управувањето со општината.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
