Background

ПРОМОВИРАНА ЧЕТВРТАТА КНИГА ОД ЕДИЦИЈАТА „ТИЕ ДОАЃААТ“

Во рамки на манифестацијата „Денови на литература за деца – Охрид 2025“,  денеска напладне на мини плоштадот „Вангел Наумоски“ се одржа промоција на четвртата книга од едицијата „Тие доаѓаат“, во која се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.

‎Во името на Општина Охрид свое обраќање пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник.

-Со особена радост и гордост денеска сум тука заедно со вас на овој прекрасен настан посветен на промоцијата на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“.

- Advertisement -
Ad image

Најнапред, сакам да им оддадам признание на најважните ѕвезди на денешниот ден, а тоа се учениците и младите луѓе чии творби се вградени во оваа книга.

Вашата искреност, вашата креативност и вашите зборови се она што му дава живот на ова издание. Во мое лично име и во името на Општина Охрид, Ви упатувам искрени честитки за вашите литературни творби.

Книгата „Тие доаѓаат“ претставува вистинско сведоштво за тоа дека иднината на македонската литература е светла. Првиот дел од оваа книга е посветен на учениците од основното образование, вториот дел е на средношколците, а третиот дел, со наслов „Светлините на градот“, е посветен на нашиот Охрид, кој е вечна инспирација за сите генерации.

Ова издание претставува симбол на довербата што ја имаме во младите. Преку него, ја препознаваме нивната љубов кон зборот, нивната потреба да се изразат, како и нивната храброст да бидат слушнати.

Општина Охрид континуирано вложува и ќе продолжи да вложува во издаваштвото, особено во поддршка на млади таленти и во развојот на културата и образованието. Веруваме дека  преку ваквите проекти се градат основите на едно понапредно, покултурно и просперитетно општество.

Посебна благодарност упатувам до Славе Ѓорѓо Димоски, кој стои зад изборот, предговорот и редакцијата на книгата и до уредникот Митре Велјаноски, кои вложија огромна љубов и труд за ова издание да биде достојно на младите автори.

Исто така, искрено ги поздравувам и писателите за деца кои се дел од активностите по повод деновите на литературата за деца. Вашето присуство на овој настан е од огромно значење и претставува дополнителна инспирација за сите ученици, чии творби се дел од оваа книга.

Драги млади автори, вашиот збор има моќ, затоа продолжете да пишувате, да се изразувате и да созревате преку литературата. Ви посакувам да создадете уште многу творби и да имате многу успеси во иднина!, истакна Крстеска во своето обраќање.

На настанот свое обраќање имаа Славе Ѓорѓо Димоски и Митре Велјаноски, а извадоци од книгата интерпретираа писателите за деца Ели Маказлиева, Роза Крстеска, Билјана Лотевска и Сања Нечовска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖