Дурмиши вели нема економска поткрепа за раст на минималната плата на 500 евра

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Mинималната плата сe одредува од економскиот развој, зголемување на продуктивноста и нивото на трошок за живот. Ад хок предлог за зголемување без економска поткрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во одговор на пратеничко прашање.

Како последица на ова, додаде тој, ќе произлезе отпуштање на многу работници, како и повторно зголемување на инфлацијата и зголемување на цените кои ќе влијаат на социјалните случаи или сиромашните семејства.

Тој вели дека предлогот на опозицијата предвидува минималната плата ад хок да се зголеми на 30.000 денари не е можен без претходно да бидат исполнети потребните услови.

– Првично имаме една формула како се одредува минималната плата – 50% од зголемување на претходната плата и зголемување трошокот на животот претходната година. Овој механизам е во склад со синдикатите, работниците и е еден кој е во практика и во Европа и кај нас. Ги штити работниците и ги одразува интересите и реалните капацитети на домашната економија. Во врска со минималната, ако ги споредиме искусавата од Евростат, нашата земја е на средина на Европа. На крај најмала минимална плата имаат Албанија, Србија и Бугарија. Ние сме зад Хрватска, Словенија и Полска – рече Дурмиши.

Тој вели дека Влада презела многу мерки за стабилизирање на инфлацијата и за раст на економијата.

– Според нашите информации во август 2025 година инфлацијата била 4,4%. Годишно 4,1 значи во цените на малопродажба и имаме мало зголемување од 0,2%. На цените сме постигнале со мерките кои ги имаме да ги стабилизираме. Сакам да ве потсетам во времето кога вие бевте на власт во 2022 година инфлацијата беше 14,2%. Во 2023 година беше 9,4%. Значи овие се цифри кои сериозно му отежнуваат на семејниот буџет на граѓаните додека денес во 2025 и овој месец за кој зборуваме инфлацијата е преполовена и е стабилна – рече Дурмиши.

Ова, додаде, не е случајност, туку е резултат на конкретните чекори кои ги презеле како власт со цени кои се уредени и каде е најнеопходно да се излезе во пресрет на семејствата.

– За оваа учебна година имаме мерка која е активна, ја обезбедивме семејната кошница, секое семејство да заштеди од 2000 до 3000 денари. Најголемиот притисок кој произлегува од прехранбените производи е од претходната власт значи домашното производство го намали и донесе субвенции на непотребни места и без стратегија. Исто така имаме и прехранбени производи кои се на берза светска берза и како Влада таму не можеме да влијаеме – рече министерот за економија и труд.

Тој истакнува оти сите мерки кои ги презело Министерството не се неосновани. Тие водат кон стабилност на цените и стабилност на економијата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article