Просечната цена на струјата на HUPX берзата во Унгарија за петок 12 септември изнесува 112,53 евра за мегават час, додека на македонската берза МЕМО 102,62 евра за мегават час

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната цена на струјата на HUPX берзата во Унгарија за петок 12 септември изнесува 112,53 евра за мегават час, додека на македонската берза МЕМО 102,62 евра за мегават час, анализира ЕДС Инфо Поинт.

Во соопштението на компанијата се вели дека споредбено, цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигнала ниво од 68,57 евра за мегават час, додека на македонската берза 61,33 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 35,44 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 32.20 евра, анализира понатаму компанијата.

„Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето“, велат од ЕДС Инфо Поинт.

Компанијата порачува дека информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Share This Article