Една година по првата најава, Нетфликс објави нови детали за документарецот за животот и кариерата на Викторија Бекам. Датумот на објавување е исто така потврден – ќе пристигне на платформата за помалку од еден месец, поточно на 9 октомври.
Филмот се објавува речиси две години по документарецот за нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам.
Дејвид ја наговорил да го направи тоа
Откако документарецот за Дејвид од 2023 година доживеа огромен успех, Нетфликс објави дека ќе снима и филм за неговата подобра половина – Викторија. Во интервју за Bloomberg, дизајнерката откри дека нејзиниот сопруг ја наговорил да го сними филмот.
– Искрено, не бев сигурна дали некој навистина сака да види што правам секој ден. Филмот се фокусира на она што работам и на мојата улога како основач и креативен директор на два бренда.
Долго време размислував за тоа, а потоа сфатив дека сега е вистинското време. Ме обликуваа четирите години во мојот живот кога бев членка на Spice Girls и многу сум горда на тоа. Но, со тоа дојдоа и сите предрасуди, рекла Викторија.
– Во модната индустрија сум создавајќи свои колекции речиси 20 години. И ми требаше толку долго за да се чувствувам доволно самоуверено во она што го правам и во својот бренд, а сега знам дека е време да зборувам за моето минато.“
Таа признала дека нема да има разубавување во филмот
– Можам да зборувам за моето патување, можам да зборувам за борбите, бидејќи сега можам да го правам тоа со самодоверба, знаејќи дека тоа нема да му наштети на брендот. Ништо не е разубавено, ќе има солзи. И мислата ми дојде другиот ден: како ќе се чувствувам кога ќе ги видам тие солзи на големиот екран? Или на iPhone? Да бидам целосно искрена, сега сум во рацете на монтажерот.
Дејвид уште еднаш покажа колку ја поддржува својата сопруга. Тој објави стори на Инстаграм во која ја сподели веста за објавувањето на филмот и напиша: „Горд сум на тебе“ со срце, и додаде дека едвај чека да го види филмот.
Бруклин во филмот и покрај кавгата?
Викторија ја остави настрана тагата поради отуѓувањето од својот најстар син Бруклин и се погрижи тој сепак да се појави во нејзиниот документарец на Нетфликс, пишува Дејли Меил.
Иако модната дизајнерка наводно немала никаков контакт со Бруклин (26) од мај, таа одби да исече снимки од него од документарецот што го следи развојот на нејзината деловна империја. Извори блиски до проектот откриваат дека во една сцена ќе се види Бруклин како помага во чистењето на пистата на нејзината ревија за време на Неделата на модата во Париз во септември 2024 година, откако започнаа силните дождови.
Викторија (51) во таа сцена ќе им се обрати на својот тим и семејство, барајќи од сите да дојдат на помош и да почнат да ја чистат пистата. Сите деца на Викторија ќе се појават во емисијата.
Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN