Американската компанија за челик „Ју-Ес Стил“ објави дека ќе го запре производството на челик во својата фабрика во државата Илиноис во ноември

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската компанија за челик „Ју-Ес Стил“ објави дека ќе го запре производството на челик во својата фабрика во државата Илиноис во ноември.

Вкупно 800 работници во фабриката ќе ги задржат своите работни места засега,одржвајќи ја опремата најмалку до 2027 година.

Тоа е дел од договорот меѓу компанијата и американскиот претседател Доналд Трамп, кој вклучуваше разни мерки за заштита на работните места и гаранции за производство, за да се овозможи нејзино купување од јапонскиот производител на челик „Нипон Стил“.

„Ју-Ес Стил“ ќе се фокусира на производство и преработка на челични плочи во фабриките во Пенсилванија и Индијана и ќе ја намали потрошувачката на плочи во фабриките во Гранит Сити, објави компанијата денеска, додавајќи дека нема да го прекине работењето на фабриката и ќе ја одржува во оперативна состојба.

На средината на јуни, по речиси година и пол правни и политички турбуленции, јапонската „Нипон Стил“ официјално го купи „Ју-Ес Стил“ за 14,1 милијарди долари.

Share This Article