Младинската фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година вечерва во Битола загуби со 0:1 од Италија во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2027. Иако „црвено-жолтите“ уште од 25 минута имаа играч повеќе, противникот успеа да ја искористи единствената сериозна шанса и да дојде до победа.
Клучниот момент се случи во 34 минута, кога по изведен слободен удар од Ндуро, левото крило Маријанучи прецизно го погоди голот на Василев и донесе водство за Италија. Нашите млади фудбалери, и покрај бројната поддршка од битолската публика на стадионот под Тумбе Кафе, не успеаја да најдат пат до израмнување.
Натпреварот беше тврд и исполнет со големи дуели, а косовскиот судија Генц Нуза мораше да додели вкупно осум жолти картони за двете селекции.
По мечот, селекторот Горан Станиќ изрази задоволство од борбеноста на своите избраници, но и жалење за пропуштената можност.
– Голема благодарност до градот Битола за организацијата на овој натпревар. Италија е фаворит во групата, но нашите играчи го дадоа својот максимум. Штета е што примивме гол од невнимание, бидејќи на моменти игравме егал, а можеби и подобро од ривалот. Сепак, нивните играчи настапуваат во далеку посилни лиги и тоа ја направи разликата – рече Станиќ.
Македонската репрезентација ќе има нова шанса за бодови на 10 октомври, кога повторно во Битола ќе го пречека Ерменија. По тој натпревар, „младите лавови“ ги очекува гостување кај Црна Гора.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
