Минималната плата во Србија од 1 октомври ќе изнесува 500 евра, а со редовното зголемување од 1 јануари следната година ќе изнесува 551 евро, изјави српскиот министер Синиша Мали по седницата на Eкономско- социјалниот совет.
Тој информира дека в четврток српската влада ќе донесе одлука за редовното зголемвање на минималната плата од 1 јануари која, како што рече ќе изнесува 551 евро.
– Многу е важно минималната плата да биде моторот на растот на просечната плата. Никогаш не се случило во историјата на земјата во краток временски период да ја зголемиме минималната плата. Одлична, важна вест за оние кои примаат минимална плата, 37% за само 12 месеци. Ќе го зголемиме ослободениот дел од приходите од данок од 1 јануари – информира тој.
Мали изјави и дека ќе продолжи трендот на намалување на вкупниот товар на платите, а ќе се зголемат и пензиите од 1 декември.