Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4,4%, а цените на мало за 4,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На месечно ниво инфлацијата во август се зголемила за 0,2% во однос на јули, а цените на мало се намалиле за 0,7%.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2,1%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,7%, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0,6%, Рекреација и култура за 0,3% и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1%.
Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3,1%, Облека и обувки за 0,6%, Здравје и Образование за 0,1%.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Според податоците на ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1%, а годишната за 4,8%, а во јуни годинава за 0,8% за месечно, а за 4,5 % на годишно ниво.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
