Министерството за земјодлество ќе обезбедува земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за земјодлество ќе обезбедува земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи.

За реализирање на оваа активност ќе соработуваат Министерството за земјоделство и Управата за извршување на санкции, за што денеска беше потпишан и меморандум.

Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

-Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството – велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.

Share This Article