Background

Активен е пожарот во атарот на село Никуштак, кумановско

Активен е пожарот во атарот на село Никуштак, кумановско информираа денеска од ЦУК и од „Македонски шуми“.

– Во моментов, пожарот сè уште е активен. Таму се наши екипи кои работата на терен. Се работи за многу лош непристапен терен, екипите и покрај тоа што успеваат да стигнат до одредена линија, не можат во целост да ја покријат линијата. Онаму каде е недостапно за пешадијата, делуваат екипите од воздух, но и покрај нивното делување, доколу од земја не се стигне до линиите тешко се санира пожарот. Продолжуваме со интервенција и денеска, со сите човекови ресурси – изјави заменик директорот на ЈП „Национални шуми, Кире Михаилов.

Во Никуштак неколку дена годи нискостеблеста деградирана, но и дабова шума. Од вчера пожарот е проширен на поголема територија. Покрај дејствувањето на екипи на „Национални шуми“, пожарот го гаселе и два авиона и еден хеликоптера од воздух, но поради поголема површина што е зафатена пожарот сè уште е активен.

- Advertisement -
Ad image

Екипите на кумановската подружница на „Национални шуми“ и екипа на кумановската противпожарна единица вчера интервенирала во атарот на селата Оризаре и Слупчане во липковско на опожарена ниска вегетација и мешана шума. Кумановските пожарникари гаселе сува трева во населбата Ајдучка Чешма, во Пуковсково атар на селата Шупли Камен и Доброшане. ТППЕ Куманово, гаселе пожар и на опожарена куќа на „Тоде Мендол“.

Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане гасела пожар во село Младо Нагоричане во маала Бузници каде покрај сува трева имало и пожар на кровна конструкција на помошен објект.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation