Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека нападот врз автобусот во Ерусалим ќе има „тешки и далекусежни последици“.
Во нападот што се случи утрово, најмалку шест лица беа убиени, а повеќе од 20 беа повредени, додека двајцата напаѓачи, за кои Израел вели дека се Палестинци од Западниот Брег, беа убиени на лице место.
– Грозоморниот терористички напад во Ерусалим ќе има тешки и далекусежни последици. Исто како што го победивме палестинскиот тероризам во северна Самарија (библиското име за северниот дел од Западниот Брег), наскоро ќе го сториме истото и во другите терористички кампови – рече тој.