Српската кошаркарска репрезентација го заврши учеството на овогодинешниот Евробаскет со пораз од Финска во осминафиналето.
Резултатот ја шокираше светската јавност, а странските медиуми веќе поставуваат прашања за иднината на селекторот Светислав Пешиќ, но и за понатамошното вклучување на Никола Јокиќ во националниот тим.
Најдобар играч во Србија беше Јокиќ, кој постигна 33 поени, но дури ни тоа не им помогна на „Орлите“ да ја прелетаат борбената Финска и да изборат пласман во четвртфиналето.
Шпанската „Марка“ посвети големо внимание на оваа сензација:
„Финска го елиминираше актуелниот вицешампион на светот и освојувач на бронзен медал од Олимписките игри. Нивниот подвиг е монументален, а начинот на кој го направија тоа – брутален. Сега се поставуваат многу прашања во Србија по уште еден неуспех на ЕП. Неизвесност го опкружува селекторот Пешиќ, но и неколку играчи, како што е Јокиќ, кои сепак ќе бидат тешко да се убедат повторно да играат на големи натпреварувања за националниот тим.“