Background

ОХРИД СЕ ПОКЛОНУВА ВО ЧЕСТ НА ХЕРОИТЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во  просториите на охридската касарна присуствуваше на свеченост по повод 81 година  од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада.

Во своето обраќање градоначалникот Пецаков истакна.

–Денеска одбележуваме два битни датуми од македонската историја, 81 година од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на шестата пешадиска бригада во Охридската касарна.

- Advertisement -
Ad image

Формирањето на Шестата  народноослободителна  бригада  претставува круна на Народноодлободителното движење во регионот, оттаму што означува формирање едно  национално тело за борба против фашизмот. 

Нашата татковина  е родена на придобивките на НОБ, а првото заседание  на АСНОМ практично претставува остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност. Тие придобивки во голема мера се добиени  благодарение на активностите на ваквите воени единици  кои организирано и  жестоко се спротиставуваат  на фашизмот преку плејада на македонски граѓани кои заеднички се бореле против фашизмот. Затоа, наша обврска и Света  должност е  да ги негуваме и предедаме тие придобивки на идните генерации.

Во 90 – те  години  од минатиот век ја стекнавме нашата независности и самостојност, токму тука во просториите на охридската касарна е формирана шестата пешадиска бригада.Зборувајќи за овие два значајни датуми од 1944 и 1992 година  уште еднаш потсетуваме дека без  почит кон минатото, ниту има просперитет на сегашност, ниту ќе има подобра иднина. Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот е насочен  кон подобар и подостоинствен живот, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска,  модерна и европска Македонија- подвлече Пецаков.

Организатор на настанот е  Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖