Хаотични сцени се одиграа на познатиот грчки остров Миконос, каде што во еден ресторан за брза храна настана масовна тепачка меѓу група италијански туристи.
Она што започна како вербален конфликт, за многу кратко време прерасна во хаотична ситуација која мораше да ја смирува полицијата.
На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа насилниот судир. Дел од туристите под дејство на алкохол влегуваат во физичка пресметка не само меѓу себе, туку и со полициските службеници кои пристигнале да воспостават ред.
Според сведоци, расправијата избила меѓу две одделни групи Италијанци. Повиците и пцовките брзо ескалирале во директни удари, а обидот на полицијата да ги раздели страните наишол на жесток отпор. Наместо да се повлечат, дел од туристите ги нападнале полицајците, со што инцидентот добил уште подраматично продолжение.
Tagged as:
каде што во еден ресторан за брза храна настана масовна тепачка меѓу група италијански туристи Хаотични сцени се одиграа на познатиот грчки остров Миконос
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
