Background

Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички нападна двајца малолетни фудбалери

Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички нападна двајца малолетни фудбалери.

Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје веќе му е продолжен притворот од 30 дена, по што по скратена постапка ќе следи и судење.

Закажано е и судското рочиште во штипскиот Основен суд на 18 септември.

- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство во Штип веднаш по настанот поведе и итна постапка против 43 годишниот родител за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, а кој извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.

„Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, информираше Обвинителство на 25 август.

Инцидентот се случи во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.

„Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот“, се вели соопштението од Обвинителство, објавено на 25 август.

МИА претходно информиршае и дека дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш донесе и неколку дисциплински мерки. Играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е во притвор му е изречена најстрогата санкција исклучување од фудбалска организација.

Покрај него уште двајца играчи на ФК „Шкупи“ кои се вклучени во инцидентот против нив е поведена постапка, по што им е изречена казна забрана на играње во траење од три месеци.

Казна да не и игра 4 натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот.

Се поведува постапка, организаторска и колективна одговорност се бара и од двата клуба, „Шкупи“ заради нападот на родителите врз противинички играчи, а „Брегалница“ заради слабата организација на натреварот и пропуст во обезбедувањето.

Од ФФМ информираа дека казна има и за координаторот на ФК „Шкупи“, поради давање на лажни информации, измама и доведување во заблуда, бидејќи во графата за стручен штаб се ставени лица, коишто воопшто и не присуствувале на натпреварот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation