Background

Словачка е дел од новиот поредок, ЕУ е како навредено дете

Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина.

Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3.

Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), на кој, покрај Путин и Си, учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и други светски лидери. Покрај самитот, предвидени се и свечености по повод 80-годишнината од победата над Јапонија и завршувањето на Втората светска војна.

- Advertisement -
Ad image

Фицо изрази жалење што токму Словачка ќе биде единствената држава-членка на ЕУ која ќе има свои претставници во Пекинг.

– Ако во Пекинг постои можност покрај оддавањето почит на жртвите од војната да се сретнеме со светски лидери, треба да се искористи. Политичари кои претставуваат милијарди луѓе ќе бидат таму – порача словачкиот премиер.

Фицо истакна дека институциите на Европската Унија биле однапред известени за неговото патување, но оти немало реакција.

– Се создава нов светски поредок, нови правила на мултиполарниот свет, нов баланс на силите, што е исклучително важно за глобалната стабилност. Учеството во такви дискусии значи поддржување на дијалогот наместо играње навредено дете. Така денес се однесуваат ЕУ и нејзините претставници – истакна Фицо.

Објаснувајќи ја својата одлука да отпатува во Кина, словачкиот премиер се повика на одредбите од Уставот на неговата земја кој, како што рече, „го обврзува секој словачки политичар да се стреми кон постојана мирна соработка со другите демократски држави“.

Фицо потсети дека „Советскиот Сојуз и Кина го понесоа најтешкиот товар од Втората светска војна и нагласи дека одбива да ги затвора очите пред таа реалност и да го искривува минатото“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation