ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОСТАНУВААТ НЕДОПИРЛИВИ ФУНКЦИОНЕРИ, МОЖНОСТ ЗА ОТПОВИК ДУРИ ОД 2029 ГОДИНА

Saso
By Saso
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Законот за локална самоуправа кој предвидуваше можност за отповикување градоначалник на референдум доколку граѓаните не се задоволни од неговата работа нема да се изгласа до претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври. Тоа значи дека следните градоначалници кои ќе бидат избрани на овие избори ќе работат според актуелниот Закон за локалната самоуправа и нема да можат да бидат отповикани, дури и ако буквално го преседат мандатот. Тоа нема да биде можност дури и доколку новиот закон за локална самоуправа биде изгласан веднаш после изборите, затоа што законот не може да важи ретроактивно.

Ова го посочи претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето дали законот за локална самоуправа сè уште е заглавен поради немање Бадентерово мнозинство.

– До изборите нема да го ставиме на гласање новиот закон за локалната самоуправа затоа што за тој закон нема соодветно мнозинство. Ако се изгласа законот после изборите, тогаш тој нема да важи за градоначалниците што наскоро ќе бидат избрани, туку дури за следниот мандат, од 2029 година – рече претседателот Гаши.

Во преодните и завршните одредби од овој закон изрично е наведено дека одредбите ќе почнат да важат од првите следни локални избори, така што нема дилема дека следните градоначалници ќе ја имаат истата комоција на недопирливи функционери, како и досегашните.

Овој системски закон треба да се донесе со двотретинско и со Бадентерово мнозинство, конкретно со т.н. голем Бадентер. Во Собранието влезе на 9 мај, ги помина сите процедури и требаше да биде изгласан на 28 мај, но пратениците од ДУИ не му дадоа поддршка.

Во законот е предвидено граѓаните кои не се задоволни од работата на својот градоначалник да можат да го отповикаат на референдум, откако претходно ќе соберат соодветен број на потписи. Оваа можност е отворена од втората година до крајот на мандатот. Во првата година од мандатот граѓаните немаат право да иницираат процедура за отповик, затоа што творците на законот сметаа дека 12 месеци и помалку не се доволно време за граѓаните да направата соодветна процена за нечија работа.

Освен отповикување на градоначалниците, идниот закон предвидува и формирање комунална полиција во општините, обврска за дигитализација, за поголема транспарентност и јавност на работата на локалните самоуправи итн. Министерството за локална самоуправа речиси цела година го подготвуваше овој закон, при што одржа десетици средби во општините и соодветни јавни дебати.

Граѓаните многу очекува од овој закон, затоа што сметаа дека со можноста за отповик градоначалниците ќе работат многу подобро и поотчетно. Но, поради немање политичка волја кај дел од опозицијата, пропадна целиот труд на Министерството за локална самоуправа, а за позитивните промени што требаше да ги донесе овој закон граѓаните ќе треба да почекаат уште 4 години.

Share This Article