Вистинско музичко патување со џез евергрини приреди вчеравачер познатиот македонски баритон Павле Камилоски, во рамки на втората вечер од Охрид џез фестивал.

Предворјето на црквата Света Софија беше исполнето со последно место, што покажува дека Фестивалот се издигнува на едно повисоко ниво и дека Охрид полека но сигурно го добива приматот- центар на џез музиката во месец август.
Помеѓу бројните љубители на музиката, гостин на концертот беше и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.