Background

Трамп го разреши шефот на военото разузнавање

Шефот на Агенцијата за воено разузнавање на САД (ДИА), генерал-потполковник Џефри Круз, е разрешен од должноста, објави потпретседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот, Марк Ворнер.

– Смената на уште еден висок функционер за национална безбедност ја истакнува опасната навика на администрацијата на Трамп да ги подложува разузнавачките информации на тест за лојалност, а не како алатка за заштита на нашата земја – изјави сенаторот Ворнер.

ДИА и Пентагон сè уште не ја коментираа веста за отпуштањето.

- Advertisement -
Ad image

Критичарите на Трамп и дел од медиумите ова го оценуваат како нов обид да се казнат сегашни и поранешните воени, разузнавачки и полициски службеници чии ставови се разликуваат од оние на републиканскиот претседател.

Причините за отпуштањето на Круз не се посочени, но неодамна во медиумите протече прелиминарна проценка од Агенцијата за воено разузнавање, дека американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни локации на 22 јуни само ја одложиле програмата на Техеран за неколку месеци. Ова е спротивно на тврдењето на Трамп дека целите биле „уништени“.

Белата куќа ја осуди проценката како „тотално погрешна“, а Трамп ги нападна Си Ен ЕН, Њујорк Тајмс и другите медиуми што ги објавија информациите, нарекувајќи ги „наркомани“ и „пренесувачи на лажни вести“.

Во април, Трамп го отстрани генералот Тимоти Хау од функцијата директор на Националната агенција за безбедност (NSA) во чистка што засегна повеќе од десетина членови на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. Администрацијата на Трамп вели дека широката чистка на воениот, разузнавачкиот и дипломатскиот персонал е дел од напорите за намалување на владиниот персонал, намалување на федералниот буџет и сузбивање на она што го опишува како „политизација“ или „злоупотреба на разузнавањето“.

Пред само неколку дена, директорката на националното разузнавање, Тулси Габард, објави дека го поништува пристапот до класифицирани информации за 37 сегашни и поранешни разузнавачки службеници. Порано оваа недела, Габард објави дека повеќе од 40% од персоналот во нејзината агенција ќе биде намален почнувајќи од 1 октомври, додавајќи дека намалувањата ќе заштедат повеќе од 700 милиони долари годишно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation