Првата дама на Турција Емине Ердоган во писмо до сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, ја повика да стапи во контакт со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да застане во одбрана на децата во Појасот Газа.
Како што соопшти Канцеларијата на трускиот претседател, Емине Ердоган била инспирирана од писмото што Меланија Трамп му го испрати на рускиот претседател Владимир Путин во врска со децата во Украина и Русија.
„Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца… ќе биде покажана и за Газа. Овие денови, кога светот доживува колективно будење, а признавањето на Палестина стана глобален тестамент, верувам дека вашиот апел за Газа ќе исполни историска должност кон палестинскиот народ“ пишува Емине Ердоган во писмо.
Од Белата куќа нема коментар за писмото.
Глобалниот монитор за глад вчера објави дека градот Газа и околината официјално страдаат од глад и дека е веројатно дека тој ќе се шири. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече извештајот „чиста лага“ и тврдеше дека Израел има политика на превенција, а не на предизвикување глад.
фото: EPA-EFE/NECATI SAVAS
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
