Background

Европската комисија уште еднаш застана против Петар Богоевски, му додели тригодишен финансиски грант на Меѓународниот универзитет во Струга и покрај противењата на Богоевски

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност официјално го одобри грантот за програмата “Еразмус+, КА131– НЕД Високо образование помеѓу програмски држави” за Меѓународниот универзитет Струга (МУС), со што институцијата ќе добие значителна финансиска поддршка во период од три години.

Ова решение претставува уште еден пораз за Петар Богоевски, кој беше најголем противник кога МУС постана директен учесник во работата во рамките на програмата Еразмус+. И покрај неговите противења, Европската комисија повторно покажа доверба во македонската образовна институција.

Според решението донесено на 14 август 2025 година под број 22-0026, грантот е одобрен со регистарски број 2025-1-MK01-KA131-HED-000307440, со вредност на грантот  за апликација со регистарски број 2025-1-MK01-KA131-HED-000307440.

Процедурата на селекција

- Advertisement -
Ad image

Процесот на селекција на проектите и доделување на грантовите за Клучните акции е согласно Водичот за Национални агенции за програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус на Европската комисија. Имено, сите процедури се одвиваат во софтверската алатка ПММ (project management module), додека пак оценувањето на апликациите е извршено од страна на надворешни експерти преку онлајн оценување АМ (assessment module).

Оценувањето на апликацијата (ЕК) за програмата Еразмус+ и програмата Европски солидарен корпус (ЕСК) за Клучните акции: КА131 – (НЕД) високо образование помеѓу програмски држави и КА171 – Меѓународна кредитна мобилност во високото образование (рок за аплицирање: 19.02.2025 година) изготви записник бр. 22-0003 од 13.08.2025 година со ранг листи за предлог проекти и ги достави до в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност врз основа на кој го врши крајниот избор на корисниците на грантовите.

Финансиски детали

Со цел подобра прегледност на финансиските трансакции за одделните активности на одобрениот грант од програмата Еразмус+, КА131-НЕД—Високо образование помеѓу програмски држави, агенцијата ќе отвори посебна, нова сметка – подсметка (за буџетски корисници) или наменска (за останатите корисници) на која ќе се исплаќаат средствата од овој грант .

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потпиша договор за грант, кој детално ги регулира формалните и правните обврски на двете страни, како и начинот на исплата на средствата потребни за имплементирање на проектните активности.

Решението е потпишано од в.д. директор м-р Ана Михајлова на ден 14 август 2025 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation