Background

ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕВОЈЧИЊА ЗАГИНАА ВО КИЧЕВО

Голема трагедија го потресе Кичево – две малолетни девојчиња, на возраст од 15 и 16 години, го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на селото Колибари.

Според информациите на полицијата, вчера околу 18:05 часот, 15-годишна малолетничка од Колибари управувала четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола врз возилото и излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале и таа и нејзината сопатничка, 16-годишно девојче од селото Грешница. Лекар констатирал смрт кај двете девојчиња, а по наредба на јавен обвинител телата биле предадени на обдукција.

„Со длабоко жалење информираме дека вчера на локален пат кај селото Колибари се случи тешка сообраќајна несреќа со четирицикл, во која животот го загубија две малолетни лица. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на настанот“, информираат од полицијата.

- Advertisement -
Ad image

Несреќата остави огромна празнина во кичевската јавност, особено во средното училиште „Дрита“, каде што двете девојчиња учеле. Управата и наставниците на училиштето упатија порака со сочувство, пренесува Лајм.

„Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за трагичната загуба на нашите ученички Ериона Рамадани и Албина Абази. Нивната загуба остави незаменлива празнина во нашите срца и во срцата на нивните соученици“, се наведува во соопштението на училиштето.

Учениците на „Дрита“ преку социјалните мрежи споделуваат пораки со тага и солидарност кон семејствата, кои го поминуваат најтешкиот момент – загубата на своите деца.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation