До 21 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои активни се седум, еден е под контрола, а 13 се изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума, во општина Струга, кај село Подгорци (нискостеблеста шума), во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште (букова шума).
Активни пожари има и во општина Долнени: село Стровија и село Долгаец (мешана шума), во општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација), во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума) и во општина Студеничани: село Горно Количани и село Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).
Под копнтрола е ставен пожарот во општина Старо Нагоричане: село Канарево (ниска вегетација).
Изгаснати се пожарите во општина Маврово – Ростуше: село Церово и село Симница (нискостеблеста шума и сеча), во општина Боговиње: село Оловјане (ниска вегетација), во Општина Ѓорче Петров: села Орман и Волково (ниска вегетација), општина Струга: село Велешта и село Белица (стрниште), општина Липково: село Слупчане и село Ваксинце (стрниште), општина Струмица: село Ангелци (ниска вегетација), општина Долнени: село Лажани (ниска вегетација), општина Кратово: место викано Рашковец (ниска вегетација), општина Кичево: село Горица (стрниште), општина Студеничани: село Батинци (ниска вегетација и ѓубре), општина Гази Баба: село Трубарево (ниска вегетација) и општина Зелениково: село Градовци (ниска вегетација).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
