Поранешниот светски рекет број 2 Каспер Руд оцени дека тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња. Руд смета дека српскиот тенисер би ги надминал легендата на НФЛ лигата Том Брејди и НБА кошаркарот Леброн Џејмс во повеќето физички тестови.
– Новак е најголемиот спортист во сите спортови во историјата, да – во историјата на спортот – изјави Норвежанецот Руд.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер со освоени 24 грен слем титули, а, исто така, помина рекордни 428 недели на првото место на АТП ранг-листата.
– Не сакам да споредувам бидејќи е глупаво, но сепак, ако го споредите атлетизмот на Новак со оној на Брејди, не ме сфаќајте погрешно, но мислам дека Новак би го оставил зад себе во повеќето физички тестови што можете да ги направите. А од друга страна, Леброн веројатно би го соборил Новак на одредени тестови, па не знам, но за мене Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел – додаде 26-годишниот Руд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
