Лондон подговен да го брани украинското небо

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина, за да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и на бојното поле против Русија, изјави началникот на британската армија Тони Радакин на состаноците во Пентагон, објави Гардијан.

Радакин, началникот на Генералштабот, денеска учествува во разговорите во Вашингтон за финализирање на обврските што 30 земји се подготвени да ги преземат за безбедноста на Украина по војната. Според британските претставници, Лондон е подготвен да испрати војници за логистичка поддршка и за обука, но не и да распореди војници по руската граница.

Првично, се зборуваше за можно распоредување до 30.000 војници, но оваа идеја беше отфрлена поради противењето на некои европски земји.

– Ништо не се случува во Вашингтон без одобрение од претседателот, а поддршката на Доналд Трамп за безбедносните гаранции во понеделник го стави целиот процес во движење – рече британски претставник.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат војници во Украина.

– Ги имате моите гаранции за тоа. И јас сум претседател – изјави тој за „Фокс њуз“.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили минатата недела изјави дека Лондон е подготвен да ѝ помогне на Украина „да го обезбеди своето небо и море и да ги зајакне украинските сили“.

Британските претставници велат дека подготовките се сериозни и дека не се политички притисок врз Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека очекува безбедносните гаранции да бидат финализирани во следната „недела, до 10 дена“.

- Advertisement -
Ad image

Британските претставници велат дека британските сили би можеле да бидат распоредени во Украина за логистика и за заштита на воздушниот простор и на пристаништата, но не во операции што би ги довеле во директен конфликт со руските сили.

Share This Article