Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите даночни обврзници на време да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е 25 август 2025 година.
До денеска, како што наведуваат, само 11 отсто од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска.
УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање со цел да се избегнат последични казни и дополнителни финансиски трошоци.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за усогласувањето со даночните прописи, одржувањето на финансиската стабилност на деловните субјекти и за поттикнувањето стабилен и развиен економски систем“, се вели во соопштението.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: info@ujp.gov.mk, на фиксната линија 0800 33 000 и на tелефонот 02 3253 200.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
