Германската влада неодамна одобри закон за борба против нелегалната работа и перењето пари, особено во фризерската и козметичката индустрија, вклучувајќи ги и салоните за нокти, пишуваат германските медиуми.
Законот треба да го одобри и Бундестагот пред да почне да се применува, но се очекува да обезбеди прилив на дополнитлени 2 милијарди евра во германскиот буџет.
Вработените ќе мора да имаат документ за идентификација на работа и да го покажат за време на инспекциите. Вакво правиле веќе се применува во градежништвото и во угостителството.
Според владата, некои фризерски салони се особено познати како жаришта не само за нелегално вработување, туку и за перење пари. Тие се вклучени и во други форми на организиран криминал. Речиси иста е состојбата со нелегалната работа и експлоатацијата на работницит во салоните за маникир.
– Заземаме построг став кон оние кои се збогатуваат на сметка на јавноста и на грбот на нелегално вработените работници – изјави министерот за финансии Ларс Клингбеил.
Министерството за финансии очекува овој закон да ги подобрат условите за работа на вработените, но и да обезбеди околу 2 милијарди евра дополнителен приход за државата, покраините и фондовите за социјално осигурување до 2029 година.