Background

Чувајте си ги децата, на грчките плажи странци тајно ги фотографираат

Летувањето во Грција, омилената дестинација на многу семејства од Србија и регионот, за некои туристи се претворило во непријатно и вознемирувачко искуство по инцидентот што се случил на плажа во местото Неа Флогита, објави српски Телеграф.

На социјалната мрежа, во групата „Grčka info“, се појавило морничаво предупредување – туристи уловиле група странски државјани како фотографираат мали деца на плажа, а според тврдењата на очевидци, снимките наводно биле наменети за понатамошна препродажба.

„Денеска беа фатени како фотографираат мали деца на плажа за понатамошна продажба и настана хаос кога родителите го забележаа тоа. Ве молам, предупредете ги сите да внимаваат и да пријават ако видат нешто слично“, напишала една Србинка која во тој момент била на одмор таму.

- Advertisement -
Ad image

Инцидентот предизвикал паника меѓу родителите, а бројни членови на групата коментирале дека безбедноста на северот од Грција е сериозно нарушена, бидејќи тие места се „погодни за крадци и манијаци од околните земји кои лесно ја преминуваат границата“.

Фотографирањето деца без родителска согласност е казниво по закон

По бројните реакции, во истата група се огласила и Србинката Даница, која упатила конкретни совети до родителите и потсетила дека во Грција, како и во цела Европска Унија, децата се посебно заштитени со закон и со GDPR регулативата.

„Фотографирањето малолетници без дозвола од родител или старател претставува нарушување на приватноста. Ако фотографиите се користат, споделуваат или се продаваат, тоа се третира како сериозно кривично дело, експлоатација на деца, и строго се казнува со парична и затворска казна“, предупреди таа.

Каде да се обратите ако некој го фотографира вашето дете?

Според Даница, доколку родителите забележат ваква ситуација, треба веднаш да реагираат:

  • Повикајте полиција на бројот 100 или на европскиот итен број 112;
  • Пријавете до онлајн единицата на полицијата за високотехнолошки криминал преку е-пошта: ccu@cybercrimeunit.gov.gr;
  • Или анонимно преку организацијата SafeLine Greece, членка на меѓународната мрежа INHOPE, на линкот: www.safeline.gr/en.

„Ве молам да бидеме внимателни едни со други и да го споделиме ова со други семејства. Нашите деца имаат право на безбедност и на приватност, а на нас е да го чуваме тоа право и заедно да реагираме кога е загрозено“, порачала Даница.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation