Анџелина Џоли планира ново поглавје во својот живот – надвор од Соединетите Американски Држави. Според најновите извештаи на светските медиуми, актерката е решена да се пресели во странство штом нејзините најмлади деца станат полнолетни.
Иако одамна ја имала оваа желба, Џоли остана во Лос Анџелес поради судскиот договор со Бред Пит за заедничко старателство. Со завршувањето на тој договор, на ѕвездата од „Maleficent“ ѝ се отвора патот конечно да ја реализира замислата.
Точната дестинација каде што планира да живее сè уште не е откриена, но актерката во повеќе интервјуа досега изразувала љубов кон Европа и Азија, каде што активно работеше на хуманитарни мисии, па се шпекулира околу преселба во Франција, во Камбоџа или во Италија.
Фановите и медиумите шпекулираат дека преселбата ќе ѝ овозможи поголема приватност и мир, подалеку од постојаното внимание во Холивуд.