Десетици луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 6,0 степени што го погоди централниот дел на Сулавеси, Индонезија, рано во неделата, соопшти агенцијата за ублажување на катастрофи на земјата (BNPB).
Земјотресот, на длабочина од десет километри, го погоди регионот Посо и беше почувствуван во блиските области.
Дваесет и девет лица се повредени, од кои двајца се критично, според соопштението за медиумите на агенцијата.
Досега нема извештаи за смртни случаи, додаде BNBP.
Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Тихоокеански огнен прстен“, високо сеизмички активна зона, каде што се среќаваат различни плочи на Земјината кора и создаваат голем број земјотреси.