Шумскиот пожар што избувна утрово во Месохорија, на островот Евија, е делумно ставен под контрола, објавува „Катимерини“.
Според грчкиот весник, 50 пожарникари и две групи планинари од 20-тиот ЕМОДЕ, 21 возило и волонтери биле веднаш мобилизирани и со помош на општински резервоари за вода и механизација, успеале да го локализираат пожарот и да го стават под делумна контрола, пред да може да добие поголеми размери.
Грција и другите медитерански земји се меѓу таканаречените „жаришта на шумски пожари“ поради високите температури и сушните летни периоди, предупредуваат научниците.