Скопската полиција спаси жена која се фрлила во водите на реката Вардар под мостот на улицата Војвода Васил Чакаларов во Карпош. Министерството за внатрешни работи информираше дека реагирале веднаш откако бил пријавен случајот.
„По пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје за укажување на помош“, соопшти МВР.