Голот со кој Хибернијан ја запечати победата против Партизан во Единбург во Шкотска, веројатно ќе биде кандидат за гол на сезоната. Ден по мечот, шкотскиот клуб објави снимка од ударот на 22-годишниот Кирон Боуви, гледана одозгора, од друг агол.
Видеото од несекојдневниот удар брзо се прошири на социјалните мрежи. „Цела Европа зборува за ударот“, коментира српски Б92.
Белградски Партизан остана без пласман во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА.