Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел повторно да го облече дресот на Наполи. Според информациите на „Фудбал Италија“, италијанскиот клуб презел конкретни чекори за враќање на својот поранешен играч од Лајпциг, во обид да ја засили офанзивната линија.
Елмас го напушти Наполи во зимскиот преоден рок 2023 година, кога за 25 милиони евра се пресели во германскиот Бундеслигаш. Сега, под водство на Антонио Конте, Наполи гледа на македонскиот ас како на клучно засилување за претстојната сезона.
Според медиумите, постои реална можност во наредните денови да се постигне договор, по што Елмас би се вратил во клубот каде што одигра 143 натпревари и остави силен впечаток кај навивачите.