Background

Кражбите со провала значително се зголемуваат во летните месеци, кога многу луѓе заминуваат на одмор, а домовите остануваат без надзор

Кражбите со провала значително се зголемуваат во летните месеци, кога многу луѓе заминуваат на одмор, а домовите остануваат без надзор. Иако најновите безбедносни системи можат да бидат корисни, поранешниот ограбувач Мајкл Фрејзер, кој денес работи како експерт за безбедност, тврди дека постојат едноставни и ефтини чекори со кои може да се намали ризикот, без да потрошите богатство.

Како дел од соработка со полицијата на Западен Мидлендс, Фрејзер, кој своето криминално минато го заменил со работа на превенција, сподели конкретни совети за тоа како да го заштитите својот дом и да избегнете најчестите грешки што ги прават сопствениците на куќи.

Фрејзер во видео за полицијата објаснува што да направите ако непознато лице затропа на вашата врата.

- Advertisement -
Ad image

– Држете ја вратата заклучена и користете синџир. Ако некој што не го познавате е пред вратата, побарајте од него да ја стави својата лична карта под неа. Така можете да го проверите без да ризикувате. Ако и понатаму не сте сигурни, едноставно не го пуштајте внатре – советува Фрејзер.

Неговиот совет е јасен: не пуштајте странци внатре и не споделувајте лични информации за себе или вашиот дом.

Полицијата на Западен Мидлендс дополнува: „Затворете ги прозорците, држете ги вредните предмети надвор од видокруг и инвестирајте во квалитетна брава, тоа се брзи и ефективни начини за одвраќање на опортунистички криминалци“.

Четири фатални грешки за само неколку минути

Во друго видео, Фрејзер демонстрираше колку брзо крадците можат да најдат слабости во безбедноста на домот. Со „GoPro“ камера на главата, тој случајно избра куќа и за само четири минути забележа четири сериозни пропусти на сопственикот.

Лични податоци во ѓубрето – Во кантата за отпад пронајде писмо со целосни лични податоци на станарот.

– Класична грешка. Секогаш уништувајте документи со лични информации пред да ги фрлите – предупредува Фрејзер.

Канти поставени како скали – Кантите биле наредени до ѕидот, овозможувајќи лесен пристап до отворен прозорец на горниот кат.

Незаклучен двор – Тој без напор влегол во задниот двор бидејќи вратата не била заклучена.

Отклучена шупа со вредности – Внатре нашол велосипеди и палки за голф, лесен плен за секој крадец.

– Ова се само неколку примери како несвесно им ја олеснуваме работата на провалниците – заклучува Фрејзер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation