Лина Ѓорчева приреди спектакл против Папамихаил од Грција

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голема победа оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа во мечот од првото коло на турнирот што се игра Куршумлијска Бања, Србија за награден фонд од 60.000 долари. Таа ја совлада четвртата носителка Деспина Папамихаил од Грција со 2-1 во сетови (3:6; 6:1; 6:2) за 1 час и 50 минути игра.

Папамихаил подобро го почна мечот и по водството од 4:1 во гемови го доби првиот сет со 6:3 за водство од 1-0. Но, во продолжението на мечот Ѓорческа на противничката и препушти само три гема во двата сет и со пресврт стигна до победата од 2-1 во сетови.Во вториот сет по 1:1 во гемови македонската тенисерка направи серија од 5-0 за да го освои сетот со 6:1, додека во решавачкиот сет Ѓорческа ја продолжи серијата со уште два гема и поведе со 2:0, но ривалката изедначи на 2:2. Сепак Ѓорческа со уште една серија од четири гема го доби сетот со 6:2.

Во следното коло (второ) македонската тенисерка ќе игра против Дарја Астахова, која ја совлада пред една недела.

Share This Article